Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе има средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Гаши, освен средба со албанскиот претседател, ќе има и средби со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон, како и со германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер.