Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Индија, Субраманјам Џаишанкар.
-Соговорниците разговараа за унапредување на билатералните односи, со посебен осврт на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Беа разгледани можностите за продлабочување на бизнис врските во повеќе сектори, соопшти Министерството за надворени работи и надвпрешна трговија.
Дополнително, министрите дискутирале за важноста на мултилатералната соработка, при што ја потврдиле заемната поддршка за конструктивните улоги што двете земји ги имаат на глобалната сцена.
-Средбата помеѓу министрите Муцунски и Џаишанкар ги постави темелите за понатамошно зајакнување на билатералните односи и отвори нови перспективи за соработка во различни сфери од заеднички интерес, наведува МНР.