Критиките на американската амбасадорка Анџела Агелер која рече дека малата Вања ја платила цената затоа што криминалците не биле кривично гонети и апсени, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се реални бидејќи како што истакна најголем пропуст е тоа што целиот систем во однос на истрагите судењата и извршувањето на санкциите не е консолидиран и има неказнивост во голем број случаи, пренесува ТВ21.
„Јас тоа го зборував многу често до сега и кога говорев за неказнивоста на сите оние кои што ја пљачкаа државата,кои што го уништуваа народот во изминатиот период и беа главни во општеството без да носат одговорност и така натаму кога зборував за консолидација на судскиот систем. Да не ни се случува кога ќе ги приведува Министерството за внатрешни работи и за кратко време ќе ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки или неизвршувањето на санкции и така натаму“, вели Оливер Спасовски.
Превземено ТВ21.мк