Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук наведе дека корупцијата во првите шест месеци од годинава е намалена за 22 отсто, во споредба со 2022.

Спасовски наведува дека досега имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари.

-Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно работење–девет кривични дела, примање поткуп–шест, давање поткуп–четири, по едно кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и поттикнување во врска со злоупотреба на службена положба и овластување, додава Спасовски во објавата на Фејсбук.