„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен. Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата. Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија. Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда“, напиша актерот Драган Спасов Дац на својот фејсбук-профил.
„Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти. Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика. Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот. Сонувајте и патувајте…“, додаде Дац.
Во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 луѓе, а повеќе од 160 беа повредени. Денеска беа погребани починатите.