Додека претседателот Доналд Трамп по спектакуларната инаугурација седна во најмоќната фотелја на светот и ги потпиша своите први извршни наредби, функционерите од Македонија сè уште не можат да се соземат од возбудата од нивната посета на САД. Владиниот политички табор, со многу основни проблеми и прашања кои се движат од корупција до загаден воздух или нормално функционирање на државниот апарат, ја префрли политичката агенда во Вашингтон, каде што очите на светот се вперени во првите постпаки на новата американска администрација во однос на новата глобална политика.
Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Изет Меџити, Африм Гаши, Арбен Таравари, Зекирија Ибраими и Викторија Трајков се имињата на политичарите кои учествуваа на инаугурацијата на Трамп. Според нив, учеството е со покана, но нема информации кој ги испратил овие покани, како што не се знае дали се купени од лоби групи. Но, едно е сигурно, поканите не пристигнаа од претседателот Трамп, како што партиите се обидуваат да прикажат. Можеби би било наивно да се мисли дека политичарите од земја со незначително влијание во глобалната политика, како што е Македонија, која иронично е блокирана од Бугарија да ги започне преговорите за интеграција во ЕУ, ќе имаат простор да бидат на списокот на гости на претседателот Трамп.
Но, политичарите тоа сакаат да го наречат покана за инаугуративните активности, на кои за волја на вистината, покрај претставници од нашата земја, учествуваат и над 200 илјади други луѓе.
Интересно е тоа што претставниците на нашата Влада, немаат објавено заеднички фотографии. Мицкоски оствари мнеколку средби, беше на инаугурацијата со министерот Тимчо Муцунски и Викторија Траков, но во ниту еден материјал не е придружуван од ниту еден албански владин претставник, иако таму се повеќето лидери на ВЛЕН.
Изет Меџити, објави фотографии на кои се наведува дека неговата посета е во состав на владина делегација, но во ниту еден материјал не се гледа присуство на колегите Мицкоски или Муцунски.
Арбен Таравари од Алијанса, објави неколку фотографии и видео од неговото учество во сала каде пишува дека церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп е прослава која обединува.
На друга манифестација е направена единствената заедничка фотографија на дел од претставниците на ВЛЕН. Изет Меџити, Африм Гаши и Зеќирија Ибраими позираа на место каде што во позадина се гледа зградата на Капитол, во која Трамп положи претседателска заклетва. Претседателот на Собранието, Гаши, во својот текст на Фејсбук вели дека тие се таму за да покажат сериозна посветеност за зајакнување на врските со САД, честитајќи му на претседателот за преземање на функцијата.
Посетата и активностите на политичарите од земјата во Вашингтон беа иронизирани од граѓаните на социјалните мрежи, што сугерира дека посетата всушност повеќе личи на екскурзија отколку на државна делегација.
Додека Мицкоски на Фејсбук објави дека заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, присуствувал на инаугурацијата на претседателот Трамп во ВИП делот, граѓанин иронично рече дека премиерот заедно со билет што го купил, добил и двоглед за да го види Трамп.
Во целост, друг граѓанин вели дека Мицкоски учествува на отворен митинг, а се продава во јавноста како ексклузивен и тоа нема никаква врска со инаугурацијата на претседателот Трамп.
Во друга објава, Мицкоски објави видео од салата каде Илон Маск држи говор. Премиерот бил доста далеку и бил принуден да го придвижи објективот на камерата, што толку многу го расипало квалитетот на фотографијата што не се гледа лицето на Маск.
„Зумирај, зумирај, не се зумира, вашиот дописник од Вашингтон, Христијан Мицкоски,напиша друг граѓанин.
Немојте да ги мислите овие од ВЛЕН, нашле добар паркинг за да се сликаат со Капитол Хил, пишува друг граѓанин за фотографијата на Меџити, Гаши и Ибрахими.