Неколку медиуми, меѓу кои и ТВ21 објавија видео од пукањето во трговскиот центар Ист Гејт Мол кое се случи попладнево. Засега непознато лице, облечено во бел блузон и со капа, сред бел ден, пукаше во Раде Штекли и уште едно лице, а потоа бега. Додека пукаше, имаше и други посетители во Ист Гејт Мол кои за среќа не се повредени.

Според последните информации двете лица кои се ранети се пренесени во Градската болница и имаат сериозни повреди.