Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе, пишува А1он.мк.

ФЗОМ не откри дали постои можност како институција да одлучи младиот Леонид да биде испратен на рехабилитација и вината ја префрли врз законодавниот дом и законот за Законот за здравствено осигурување.

Додаваат дека со децении медицинската рехабилитација не била покривана од страна на Фондот за здравство и дека дополнителните права на Фондот ќе отворат нови прашања за финансиските средства на фондот.
Ова доаѓа еден месец по предлогот на ФЗОМ до Управниот одбор на институцијата да се намали бројот на кардиохируршки интервениции во приватните клиники „Жан Митрев“ и „Систина“ за осигурениците кои досега на државна сметка можеа да се оперираат и лекуваат таму.

Целата вест на А1.он.мк