Најмалку 13 лица се повредени откако слон подивеа за време на верска поворка на југот на Шри Ланка, соопшти денеска полицијата.
Повредените се во локална болница и никој од нив не е сериозно повреден, додаде полицијата.
Поворката Рухун Катарагама Махадевала е голем верски и културен настан што се одржува во Катарагама во провинцијата Ува во Шри Ланка.