Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова упати честитка до армиските припадници по повод Денот на Армијата.
– Признание за припадниците на Армијата за дисциплинираното, совесно и одговорно извршување на воените должности, како дома, така и во странство, преку учество во бројни мировни мисии. Армијата дава поддршка на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби, како што се пожарите на територијата на целата држава, секогаш правејќи го тоа професионално и пожртвувано и поради тоа, континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓани, пишува во објавата на Сиљановска – Давкова на „Фејсбук“.