Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски денеска изјави дека упадот на украинските сили во областа Курск во Русија дава резултати.

Тој додаде дека нема напредок на руските сили во клучна област на источниот украински фронт во последните шест дена.

Сирски во интервју за Си-Ен-Ен рече дека руските сили веќе шест дена не напредувале ниту еден метар во правец на Покровск во областа Доњецк во источна Украина.