Бугарската државна изборна комисија ги објави резултатите од локалните избори и според нив во советот на Софија влегува и Андреј Зографски, како предлог на политичката коалиција „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, објави „360 степени“.

Зографски е син на Солза Грчева, претседателка на партијата Глас за Македонија. Тој во следните четири години ќе биде советник во градското собрание на Софија.

Инаку, бугарските медиуми и дел политичари уште во кампањата прашуваа како син на поранешна пратеничка која ја води македонската партија „Глас за народот“ и има антибугарски ставови, успеал да влезе во бугарската политика.

На веб-страницата на „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ ја пишува неговата биографија, во која е наведено дека повеќе од 10 години се занимава со проблемите на неговиот сакан град Софија.