За време на Параолимписките игри во Париз ќе бидат ангажирани околу 25.000 полицајци и 10.000 приватно обезбедување, соопштија француските власти.
„Параолимписките игри се многу важни и не треба да ги сметаме за игри од втор ред“, рече францускиот министер за внатрешни работи во заминување Жералд Дарманин.
„Остануваме на висока готовност иако нема конкретни закани“, додаде тој.
Параолимписките игри ќе се одржат во Париз од 28 август до 8 септември, а на нив ќе учествуваат околу 4.400 параспортисти.
Церемонијата на отворањето ќе се одржи на историскиот Плоштад де ла Конкорд. „Ќе има 35.000 гледачи, 5.000 спортисти и 170 делегации, а 15.000 места ќе бидат отворени за јавноста во подножјето на Шанзелизе“, објасни Дарманин.
Ќе се воспостави продолжен антитерористички периметар, а движењето низ француската престолнина ќе биде ограничено.
Полициските сили ќе се грижат и за безбедноста на преносот на факелот, кој в недела треба да пристигне во Франција од Стоук Мандевил, место северозападно од Лондон, кое се смета за родно место на Параолимписките игри.