Фатон Ахмети, еден од двајцата генерални директори на Фондот за здравствено осигурување, денеска соопшти дека поднесува оставка за да се посвети на партиските предизвици во ДУИ, пренесува Фактор.мк
„Почитувани граѓани, Почитувани соработници и сопартијци,Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за Здравствено Осигурување на Република Северна Македонија.
Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, објави тој на социјалните мрежи.
Ахмети заедно со Магдалена Филиповска-Грашкоска беа двајцата истовремени генерални директори на здравствениот фонд. Ќе остане запаматен по тоа што годинава за време на сајбер нападот на фондот не го прекина одморот искористен заради партиско учество на настан во САД.