Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село,  Црквата „Света Троица“  на Гробиштата во Штип и Соборниот храм „Свети Никола“ се трите локации каде граѓаните се простуваа од своите млади сограѓани.

Загинатите беа погребани во гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА.

На трите места каде се оддаваше последна почит на загинатите беа присутни тимови на Црвен крст и екипи на Прва помош.