Шпанската цивилна гарда соопшти дека се уапсени тројца „проруски“ хакери, бидејќи, наводно, во терористички цели извршиле кибер напади врз веб-страниците на јавните институции и стратешките сектори во Шпанија и други земји од НАТО.
„Кибер напади, наводно, биле извршени на веб-страниците на јавните и приватните организации, владиниот сектор, критичната инфраструктура и основните јавни услуги во земјите кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна со Русија“, се вели во соопштението.
Не е наведено дали тројцата осомничени се обвинети.