„Ако Мицкоски постави ултиматум и вика нема да има уставни измени, нема да има Влада. Ќе мора да се најде модалитет, мора да има промена на уставот“.

Ова  го изјави лекарот, бизнисмен и поранешен политичар, Имер Селмани во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека притисокот за уставните измени ќе биде голем од албанските партии бидејќи доколку некоја партија влезе во Влада, без да се спроведат уставните измени ќе загуби многу.

„Можеби да имаме и таков амбиент во државата, што нема да се чекаат ни наредните избори, туку ќе мора да има предвремени избори“ рече Селмани.