Нема формирање на Влада без промена на Устав. Ова во студиото на ТВ21 синоќа го изјави Зијадин Села од Алијанса за Албанците. Тој вели дека по изборите Собранието треба да заседава и да се направат уставните измени.

„Мое лично мислење е дека по изборите прво мора да се спроведат уставните измени, а потоа да се формира влада“, кажа Села вечерва од студиото на ТВ21.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува со националистичка реторика и дека нема никаква реформа во партијата.

„Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со националистичка реторика и нема никаква реформа во партијата. Сега зборуваат за поништување на Бадентер и балансер кои се двата механизми заштитници на демократијата во државата. Ние зборуваме за менувањето на дефиницијата 20% во Уставот, а тие зборуваат за поништување на овие механизми кои ја отсликуваат и штитат мултиетничноста на државата“, вели Села.