Седумте избирачките места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори 2024 се отворени навреме, а гласањето се одвива без проблеми.

Прегласувањето се одвива во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.

Гласањето на Избирачкото место 1272 во Општина Охрид каде се повторуваат Парламентарните избори одржани на 8 мај се одвива непречено. Како што информираа од ОИК, гласачкото место е отворено навреме, а изборниот процес тече согласно процедурите.

Në orën 7 janë hapur katër vendvotimet, dy në komunën e Dollnenit dhe dy në komunën e Krushevës, ku po rivotohet për zgjedhjet parlamentare në njësinë e pestë zgjedhore. Votimi ka filluar pa

Изборното место 1272 се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“, во охридската населба Горна Влашка маала. Според Единствениот избирачки список, на тоа избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на Парламентарните избори што се одржаа на 8 мај на гласање излегле 433 лица, односно 60,9 отсто од избирачкото тело.

Според ОИК, во текот на вчерашниот ден кога гласаа болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, на ИМ 1272 во Охрид, правото на глас го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.

Навреме почна и гласањето во избирачкото место 1844 во Струга. Заменик претседателката на Општинската изборна комисија Деспина Влаќеска за МИА информира дека гласачкото место било отворено во 7 часот и оти гласањето тече непречено.

– Избирачкото место е отворено во 7 часот и процесот се одвива непречено и во најдобар ред, ијзави Влаќеска.

Во ова избирачко место 1844 во единствениот избирачки список регистрирани се 755 гласачи, од кои двајца своето гласачко право го оствариле вчера во затворот во Скопје.

Во избирачкото место број 2101 во селото Ларце, во Општина Желино, гласањето е почнато навреме во седум часот, информираат од Општинската изборна комисија Желино.

– Прегласување има само на едно избирачко место со број 2101 во село Ларце, Општина Желино. Гласањето почна точно во седум часот и се одвива без проблеми. Нормално работи апаратот за идентификација и гласањето се одвива, изјави Бујар Сулејмани, претседател на ОИК Желино.

Право на глас на ова избирачко место имаат 993 граѓани.

На 22 мај својот глас го искористиле 48 проценти од запишаните гласачи, односно 479 луѓе од кои девет биле беа неважечки ливчиња.

Во 7 часот се отворени четирите избирачки места, по две во општина Долнени и две во општина Крушево каде се прегласува за парламентарните избори во петтата изборна единица. Гласањето почна непречено и без проблеми, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во Крушево се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.

Вчера своето право на глас имаа можност да го искористат 26 болни и изнемоштени лица.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Вчера беше спроведено гласањето за 9 болни лица.

Во овие избирачки места се прегласува откако Државната изборна комисија го поништи гласањето, а Управниот суд ги потврди овие одлуки.