Вчера во 10.00 часот во светиниколско село, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.К.(28) од селото.

Тој се сомничи дека претходно во нејзиниот дом допирал по телото и се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка од истото село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.