На вештачење одат пронајдениот телефон на Вања Ѓорчевска и два пиштола најдени на локации кои не се соопштуваат, а ќе се истражуваат и контактите на Љупчо Палевски со засега непознат број на лица, кои продолжиле и по неговото бегство од Македонија, пишува Дојче Веле.

Ова на синоќешната прес-конференција го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако соопшти дека во турскиот град Баликесир е приведен Љупчо Палевски -Палчо,  првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

На распитот кој почна синоќа околу дваесет часот а заврши по полноќ, 30-дневен притвор им е одреден на Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Целата вест на Дојче Веле