Одговорот е едноставен: Затоа што сме биле посветени на превенција, и надлежните институции превземале мерки за превенирање и заштита од пожари. СДСМ одговорно менаџираше со кризите.
Зошто сега е поинаку и настана хаос со пожарите?
Затоа што за жал сега имаме раководни лица од ВМРО ДПМНЕ, Премиер, министри, директори на кои поважно им е да се фотографираат и да даваат партиски изјави отколку да земат да работат и успешно да ја менаџираат состојбата.
Сега се касни, не се делува навреме, не се сите ресурси вклучени, лоша е координацијата.
Крајно време е ДПМНЕ да се разбуди од сонот и да прифатат дека да се биде власт не значи шетање со бизнис класа, туку и превземање одговорност.
Изгоре 5% од територијата а вие терате политиканство.
Засукајте ги ракавите и работете, посветете се целосно на кризата со пожарите, тоа е ваша обврска.