ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопјe минатата недела санкционираа 208 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 10 до 16 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.