САД водат нов дипломатски напор за ставање крај на непријателствата и во Газа и во Либан, поврзувајќи ги двата конфликти како дел од една единствена иницијатива, изјавија за западни медиуми извори запознаени со иницијативата.
Деталите се разработуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, според двајца либански официјални лица, двајца западни дипломати, извор запознат со ставовите на Хезболах и извор запознат со разговорите.
Засега нема коментар од Белата куќа.