САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари.

Помошта е за „нашите украински партнери во време кога тие се бранат од тековните напади на Русија“, посочија синоќа од американскиот Стејт департмент.

-Оваа дополнителна помош обезбедена преку повлекување од резервите на Министерството за одбрана, вклучува ракети за противвоздушна одбрана и поддршка, муниција за ракетни системи и артилерија, противтенковско оружје, оклопни пешадиски возила „Бредли“ и други оклопни возила, како и други приоритетни капацитети.

Со објавата се демонстрира „трајниот ангажман на САД кон самоодбраната на Украина против бруталната агресија на Русија“.

Од од американскиот надворешнополитички орган укажаа и дека помошта ќе биде распределена што е можно побргу

-Помошта е за да се зајакне одбраната на Украина, нејзината територија и нејзиниот народ. Како што јасно рече и претседателот Бајден, Соединетите Американски Држави и меѓународната коалиција што ја собравме ќе продолжат да стојат со Украина.