Американскиот потсекретар задолжен за цивилна безбедност, Узра Зеја денеска на маргините на Генералното собрание на Обединети нации најави нова помош од 535 милиони долари за Сирија.
Тој исто така вети и дека САД ќе продолжат со хуманитарната помош и по завршувањето на војната.
– Финансирањето ќе биде преку хуманитарни групи за помош на Сиријците, вклучително и бегалците преку обезбедување засолниште, храна, образование и здравствена заштита, соопшти Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
Во соопштението на УСАИД се истакнува дека „хуманитарната помош е од витално значење за одржување на цивилите во живот“.
– Ги повикуваме другите донатори да ни се придружат во засилувањето за да ги пополниме значителните празнини во финансирањето и да обезбедиме партнерите да продолжат да ги задоволуваат потребите на најранливите, се наведува во соопштението на УСАИД.