САД ги осудија репрессите против опозициските активсти во Венецуела и заминувањето на претседателскиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија „директен резултат на антидемократските мерки на Николас Мадуро противрз венецуелскиот народ“, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент.
САД силно ја осудуваат одлуката на Мадуро да користи репресии и заплашување за да се задржи на власт со сила, наместо да го признае поразот на изборите
-Пораката на Гонзалес Урутија за демократска обнова во Венецуела ги инспирираше надежите и стремежите на венецуелскиот народ и резултираше со моќен повик за промена на претседателските избори на 28 јули. Неговото заминување од Венецуела е директен резултат на антидемократските мерки кои Николас Мадуро ги спроведе врз венецуелскиот народ, вклучително и против Гонзалес Урутија и други опозициски лидери, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
-На 28 јули, венецуелскиот народ јасно и недвосмислено ја изрази својата желба за демократски промени. Резултатите од изборите и волјата на народот не можат едноставно да бидат занемарени од страна на Мадуро и венецуелските изборни власти. Ние стоиме со Гонзалес Урутија во неговиот повик за продолжување на борбата за слобода и обновување на демократијата во Венецуела, рече Блинкен.
Додаде дека во изминатите шест недели Мадуро неправедно уапсил речиси две илјади Венецуелци, користел цензура и закани за да ја замолчи опозицијата и ги прекршил венецуелските закони за да остане на власт спротивно на волјата на венецуелскиот народ.
-Го повикуваме Мадуро да прекине со репресиите и веднаш да ги ослободи сите неправедно задржани. САД ќе продолжат да работат со нашите меѓународни партнери за да ги бранат демократските слободи во Венецуела и да ги повикаат одговорност Мадуро и неговите претставници за нивните постапки.