Украинското воздухопловство соопшти дека Русија извршила ракетен напад врз Киев.

Напад бил извршен и врз други украински градови. Затоа се активирани системите за противвоздушна одбрана.

Силни експлозии се слушнале во Киев нешто пред седум часот по локално време, а градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврдил дека се ангажирани системи за противвоздушна одбрана, пренесува Ројтерс.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште.

Се наведува и дека цела Украина е во состојба на готовност за воздушен напад. Гувернерот на регионот Харков во североисточна Украина, Олех Синехубов, изјави дека руски проектили погодиле нестанбени згради и инфраструктурни објекти во Харков. Британски Гардијан јавува дека едно лице загинало во Киев, а во тој град моментално нема струја.

„Го започнувам утрото во засолниште додека сирените се огласуваат низ целиот Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борељ на платформата Х.