Рекордно високи температури се регистрирани долж западниот брег на САД, а топлотен бран ги погоди и Аризона и Невада, соопштија денеска метеоролозите.
Издадено е предупредување за екстремна топлина за 36 милиони жители или околу десет отсто од населението на САД.
Центарот на топлата воздушна маса моментално е над Калифорнија, соопшти Националната метеоролошка служба.