Жителите на Истанбул имаа тешка ноќ поради рекордно високата влажност. Во многу области на градот таа беше над 95 отсто, јавува турската телевизија НТВ.
Просечната температура измерена синоќа во турската метропола изнесуваше 28,3 степени.
Рекордно висока влажност е измерена во областа Аташехир во азискиот дел на градот – 99 отсто, информира НТВ.
Голем дел од жителите на околината не можеле да спијат синоќа поради мачните климатски услови.
Висока влажност од над 95 проценти е забележана и во регионите Бешикташ, Бејоглу, Чаталџа, Кјагутане, Саријер, Силиври, Шишли, Јумраније.
Во меѓувреме, весникот „Милиет“ информира за температурен рекорд во округот Хатај (Јужна Турција, на границата со Сирија), каде што поради високата влажност вчера температурата од над 40 степени се чувствувала како 62,3 степени Целзиусови. Најтешка била состојбата вчера во градот Арсуз, каде влажноста била над 90 проценти.
„Милет“ пишува дека поради жештините вчера почнал да се топи асфалтот на многу места во Турција, вклучително и во северозападната област Бурса