Од денеска може да се користат улиците „168” и „163” во тетовската приградска населба Мала Речица, коишто се обновуваа изминатите неколку месеци. Двете улици ја поврзуваат оваа населба со Тетово.
Тетовскиот градоначалник Биљал Касами заедно со претставници на централната власт, го означија почетокот на употреба на реконструираните делници.
– Ова се важни сегменти за инфраструктурата во градот Тетово, со што продолжуваме да градиме објекти и инфраструктурни проекти во интерес на граѓаните. Со ова секојдневно ја подобруваме инфраструкрата и придонесуваме за подобрување на условите за живеење на нашите граѓани, нагласи Касами.