Речиси половина македонски граѓани не можат да си дозволат годишен одмор од седум дена надвор од домот. Ова го покажува истражувањето на Радио Слободна Европа. Податоците велат дека 47 проценти од испитаниците од Македонија не можат да си дозволат годишен одмор. Поголем процент на лица кои не одат на одмор има Албанија и Црна Гора.
Истражувањето било направено од 3-ти март до 4-ти април, а учествувале над 6000 испитаници од земјите од Западен Балкан.