Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега, се друго е фолклор за негов спас во режија на СДС и ДУИ.
Ако Пајазити не го ставеше во куќен притвор Рамадани, тој сега уште ќе беше во Шутка.
Пајазит Пајазити е извршител на СДС и ДУИ, историјата на неговите одлуки покажува дека е измеќар на опозицијата.
СДС и ДУИ се што прават е обид за дефокусирање на јавноста од нивниот измеќар Пајазити кој е еден од главните виновници зошто довербата на народот во судството е 2%.
СДС и ДУИ попусто се надеваат дека ќе дефокусираат. Одговорност за сите нивни криминалци, вклучително и Пајазити ќе има.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ