Кај Филипче се се движи околу бројката 35, првин 35 милиони евра тендер преку жути@јаху, а сега 35% наводен пад на гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е заедничкиот именител? – И тендерот му пропадна кога ВМРО-ДПМНЕ го обелодени, и прогнозата му е трула, базирана на неговите влажни соништа.
Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била појака. Народот уште во првите 50тина дена ја гледа придобивката од смената на власта.
За разлика од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај СДС се случува процес на ситнење. Филипче мака мачи да ги одврати членовите да не заминат во други помали партии.
Никој не му верува на тендер докторот на Заеви, Филипче, кој уште не знае да каже како ја стекна хациендата на Водно и луксузниот џип ауди Q8.