Во својата реакција до Кривичниот суд од Обвинителството велат дека јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложил причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована. Од обвинителството велат дека ги имаат и ги приложиле сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци, како и да го повторат делото. Во однос на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, за кое се товарат осомничените, Обвинителство велат дека обележјата  се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување.

Откако не определија притвор за Беким Незири и останатите, се огласи и Кривичниот суд!