Бројот на загинати во израелски воздушен напад врз област во јужен Либан се искачи на 10, меѓу кои и две деца. Поголемиот број од жртвите се државјани на Сирија, соопшти либанското Министерство за здравство.
Либанската новинска агенција објави дека е нападната фабрика за тули во предградието на градот Ал-Кафур во областа Набатие. Меѓу загинатите се и надзорникот на фабриката за тули, кој е државјанин на Сирија, и целото негово семејство.
Претходно беше објавено дека била нападната станбена зграда. При нападот повреден и се пет лица.
Израелската армија соопшти дека цел на военовоздухопловните сили бил магацин за оружје на Хезболах во Набатие.
Исто така израелската армија извршила напади и врз други цели во јужен Либан, тврдејќи дека цел била воената структура на Хезболах.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хезболах и Израел постојано се напаѓаат, при што се убиени над 120 цивили, од кои поголемиот број на либанска страна.