Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе. Ова го напиша претседателот Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува БГНЕС.
Тој разговараше со претседателката на РСМ Гордана Силјановска-Давкова и изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош“, додаде Радев.