Претставници од собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади и од Комисијата за труд и социјална политика од германскиот Бундестаг денеска одржаа работна средба, на која зборувале за теми поврзани со размена на искуствени политики и решенија за подобрување и поддршка на политики за вработувањето на инвалидни лица, заштита на децата, но и пензискиот систем.
Како што соопштија од Собранието, претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, ја отвори работната средба информирајќи ги присутните за тоа кои се надлежностите на оваа Комисија и кои области ги опфаќа.
-Во дискусијата на присутните беа опфатени повеќе теми, во насока на размена на искуствени политики и решенија за подобрување и поддршка на политиките кои се однесуваат на вработувањето инвалидни лица, заштита на децата, пензискиот систем, права од социјален карактер, наталитет, дуално стручно образование, се вели во соопштението на Собранието.
На крајот од средбата, од двете страни била истакната заложбата за продолжување и унапредување на соработката помеѓу овие две комисии