Размена на истрели се случила пред поликлиниката Бит Пазар при што едно лице е повредено. Повредениот со прострелна рана е пренесен во болницата „Наум Охридски“ во Скопје. – Денеска (07.02.2024 година) од ГОБ „Ул. Наум Охридски“ во СПБ Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата и, според пријавата, лице пукало во него со пиштол во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје. Според првичните информации во П.П. го застрелал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.