По истекот на првите 40 дена, турските власти можат да му одредат уште 40 дена привремен притвор. Македонското Министерство за правда сè уште не добило одговор од Турција на барањето за екстрадиција на Палевски испратено на 7 декември, пишува МКД.мк

Палевски во Турција беше приведен на 5 декември откако македонските власти распишаа меѓународна потерница како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Неофицијално во февруари министерот за правда Кренар Лога во Турција со неговиот турски колега ќе разговара за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо.