Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките учеството на овогодишниот Дубровник форум, оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.
Ова е прва средба на двајцата министри по назначувањето на новата политичка Влада на Бугарија. Упатувајќи честитки за новата функција, Османи изразил задоволство што, со формирањето на новата Влада во Бугарија, се создаваат дополнителни перспективи за поинтензивен политички дијалог, а со тоа и зголемени можности за зајакнување на билатералната соработка меѓу двата соседи.
Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската перспектива на Република Северна Македонија, соодветно на принципите и одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.