Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ноќеска лишиле од слобода четири лица за време на забава на место викано „Бабуна“, Велешко.
Како што информира МВР, приведени биле Ј.А.(40) од Лозово, А.Т.(32) од Штип, Т.М. (32) од Скопје и Х.П.(37) од Скопје, во периодот од 22.25 до 01.30 часот, зашто кај нив била пронајдена дрога.
-При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена тревкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.