На подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, синоќа во 21.05 часот полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Н.(25) од Тетово.
Од МВР денеска соопштија дека тој бил баран по локален распис од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во три наврати со закана кон сопственикот на продажен објект во Тетово и физички напад врз неговата сопруга одзел пари од дневниот промет.
Лицето било предадено во СВР Тетово и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.