Денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за бесплатен превоз за студентите.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска соопшти дека последен пат кога МОН исплатил средства кон ЈСП е во 2021 година, а од тогаш до денес не била донесена одлука за субвенциониран превоз.

„Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба да полагаат во јануарската испитна сесија“, рече  Јаневска.

Студентите и средношколците  на денешната средба со министерката побараа од МОН и  поголема дигитализација на учебници , подобрување на државната матура, како  зголемување на бесплатниот превоз и за студентите на приватните универзитети.

Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите и од утре ќе можат да се продолжат билетите.