Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ – Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Формирањето на Експертската мрежа на ОБСЕ претставува уште една одредница постигната во рамки на Претседавањето на Северна Макеоднија со ОБСЕ во 2023 година. Оваа мрежа има за цел да ги истражи бројните динамични трендови на соработка во областа на безбедноста во Европа и клучната улога што ја имаат организациите како ОБСЕ и тинк-тенковите во обликувањето на политиките во овој критичен домен.

Покрај Османи, свое воведно обраќања ќе има и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. На дводневниот состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ ќе присуствуваат голем број на претставници на организации партнери на ОБСЕ како и на тинк-тенкови.

Отворањето на настанот е во 14 часот во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.