Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со претставници на стуковиот синдикат на контролори за летање, кои најавија дека ќе го затворат целосно воздушниот простор доколку Владата на денешната седница не ги разреши директорите на М-НАВ.

-Уште еднаш искажав поддршка за нивните заложби за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ. Очекувам до крај да биде расчистен неодамнешниот инцидент, имајќи предвид дека оваа институција е дел од критичната инфраструктура во државата и станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, порачал Пендаровски.