Полицијата во домот на 25-годишен ресенчанец пронашла марихуана и повеќе парчиња муниција од различен калибар.
На 09.08.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола, а по претходно издадена Наредба за претрес на дом и други помошни простории од Основен Суд Битола, извршен е претрес во домот на Т.Н.(25) од Ресен.
При претресот пронајдена била марихуана, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана како и повеќе парчиња муниција различен калибар.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот на истиот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.