Главниот аеродром на италијанскиот остров Сицилија денеска ги запре летовите поради вулканската активност на планината Етна.

Како резултат на утринската вулканска активност, кризниот штаб нареди затворање на секторот Б1 и намалување на бројот на пристигнувања на шест летови на час, соопштија од Аеродромот Катанија.

Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, кој се наоѓа на островот Сицилија и чија висина изнесува околу 3.030 метри, повторно исфрла пепел и лава. Вулканската активност е забележана во чести интервали од почетокот на јули.