„Според мене, јавниот обвинител уште денеска треба да го повика оној кој што во 2019 година нарачувал стари обрасци кои што беа во употреба до 2021 година. И сега на крај, тогаш кога се велеше дека ќе продолжат да важат, а се знаеше дека нема да важат, бидејќи тоа е меѓународен договор, тој треба да биде повикан од јавниот обвинител и да даде отчет, бидејќи на овој начин се кршат многу права на граѓаните. И тоа уставно загарантирани права“, изјави пензионираниот професор по административно право, Борче Давитковски за Телма.

Според него оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото уставно име, веднаш треба да биде повикан во обвинителството да даде отчет бидејќи со новостанатата ситуација се прекршени уставно загарантирани права.

На ист став е и долгогодишниот судија сега адвокат, Владимир Туфегџиќ. Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека обвинителството треба да го повика на распит тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12 февруари иако знаел дека важноста на истите е до овој датум.

Превземено МКД.мк