Од Центарот за управување со кризи информираат дека се преземени повеќе координативни активности од страна на нивниот директор Стојанче Ангелов за да се помогне во гаснење на пожарот во магацин во тетовско Фалише. Според ЦУК повикани се пожарникари од повеќе места.

– Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот. Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент, информираат од ЦУК.

Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути, по што е почната интервенцијата на тетовските пожарникари. Пожарот е пријавен и во СВР Тетово, од каде поради интензитетот на огнот е обезбедено местото. Засега нема информации за повредени луѓе